Целосно обновен паркот „Скулптура“ во Автокоманда
Паркот „Скулптура“ лоциран на улицата 16-та Македонска бригада во населбата Автокоманда во Општина Гази Баба е комплетно обновен, а жителите од овој дел од градот добија ново катче за одмор и рекреација, информираат од Град Скопје.
Препорачано
– Граѓаните на Автокоманда добија обновен парк „Склуптура“ во населбата Автокоманда во вкупна површина од 4. 200 квадратни метри, со нови тревници, урбана опрема и ново осветлување, место каде ќе можат да го минуваат слободното време и да се рекреираат – истакна градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.
Според градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски пак, подигнувањето на зелените појаси и нивното обновување на територија на општината е од исклучително значење за илјадници граѓани од овој дел од општината кои сега имаат убаво среден парк.
– При уредувањето на паркот се направени повеќе интервенции на целата вегетација, нанесена е високо квалитетна почва, формиран е тревник со систем за полевање капка по капка, хидранти и прскалки, со што ќе се овозможи континуирано одржување на зеленилото во паркот – дообјасни директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Ангеле Сотировски.


