Бускетс донесе одлука: Нема повеќе да игра за Шпанија

Фото: EPA-EFE/Neil Hall

Репрезентацијата на Шпанија Светското првенство во Катар го заврши со поразот од Мароко во осминафиналето, а натпреварот против Мароканците се покажа како последен за Серхио Бускетс.

Искусниот 34-годишен фудбалер преку социјалните мрежи објави дека се повлекува од националниот дрес.

„Би сакал да им се заблагодарам на сите луѓе кои ме придружуваа на овој долг пат. Од Висенте Дел Боске кој прв ми даде шанса, до Луис Енрике со кого уживав до последната секунда. Им благодарам на Хулијен Лоптеги, Фернандо Јеро и Роберто Морено за довербата. Исто така и на секого со од моите соиграчи, се борев тимот да биде онаму каде што заслужува“.

„Ми беше чест да ја претставувам мојата земја и заедно да бидеме светски и европски шампиони. Одиграв многу натпревари, некогаш со поголем, некогаш со помал успех, но секогаш давав се од себе“, стои во објавата на Бускетс.

Бускетс дресот на репрезентацијата на Шпанија го носеше 15 години и одигра 143 натпревари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergio Busquets (@5sergiob)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот