ВИДЕО | Сензација во Катар: Хакими со „паненка“ ја испрати Шпанија дома!

Фото: EPA-EFE/Tolga Bozoglu

Слично како и вчера во натпреварот кој се играше во истиот термин од 16:00 часот помеѓу Хрватска и Јапонија, голема драма и неизвесност видовме и денес на средбата Мароко – Шпанија. Се радуваше Мароко после изведувањето на пенали.

Мароко во групната фаза прикажа одлична игра против селекции како Белгија и Хрватска, па дека првото место во таа група не било случајност покажа и денес против Шпанија.

Шпанија повторно доминираше со поседот на топка, констатно ја имаа во свој посед, меѓутоа тешко одеше пробивањето низ цврстиот бедем на Мароканците. Мароко одлично се бранеше и не дозволуваше Шпанија да создава посериозни прилики за гол, но знаеа и сериозно да се заканат преку Ел Несри, Амрабат, Хакими

Фото: EPA-EFE/Mohamed Messara
Фото: EPA-EFE/Mohamed Messara

Не видовме голови во регуларните 90 минути, се влезе во продолженија. Во продолженијата Шпанија најголемата шанса ја имаше во последните секунди кога Пабло Сарабија погоди стативата од голот на Боно. Немаше голови ниту после 120 минути фудбал, па така пеналите го решаваа победникот.

Пенал серијата не започна добро за Шпанија, Сабири беше прецизен за Мароко, додека Сарабија и од пенал рулетот ја погоди стативата. За 2:0 се погрижи Зијеш кој сигурно по средина од голот го матираше Симон. Уште еден шок за Шпанија следуваше кога Боно го одбрани ударот на Солер.

Промашувањето на Бенун ја врати надежта кај Шпанија, но потоа следуваше и промашување на Бускетс. За на крај Хакими со панека да го потврди четвртфиналето на Мароко. За Мароко ова е историско, прво четвртфинале.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот