Бурата Ета усмрти околу 100 луѓе во Централна Америка

Околу сто луѓе загинаа откако бурата Ета ја погоди Централна Америка. Голем број од жртвите биле затрупани во своите домови поради лизгање на земјиштето.

Ета е една од најголемите бури што ја погодиле Централна Америка во изминатите неколку години, а американскиот Национален центар за урагани предупреди дека во регионот ќе продолжат „катастрофалните поплави”.

Бурата оштети патишта и мостови, а во тек се спасувачки операции ширум Хондурас и Гватемала, во кои се вклучени и националните армии.

Ета на 3 ноември ја погоди Никарагва како ураган од четврти степен, со ветер со брзина од 241 километри на час, а потоа изгуби на интензитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот