Бугарско шлепување зад историјата

Повеќето од замешаните во корупциските афери се од редовите на владејачката партија ГЕРБ, а и самиот премиер Борисов, кој долго се држеше надвор од зачестените скандали, лани, во пресрет на ЕУ-изборите, беше соочен со обвинувања за перење пари и поседување луксузна куќа во Шпанија. Отфрлајќи ги обвинувањата, Борисов рече дека куќата во Барселона всушност била во сопственост на извесен бизнисмен.

Дали бугарскиот меморандум со кој се спори македонскиот идентитет и јазик може да се толкува и во функција на одвлекување на фокусот од масовните протести и проблемите со кои се соочува Владата во Софија, пред сè поради широко распространетата корупција и организираниот криминал? Но можеби уште поинтересно е прашањето дали Европската комисија ги затвора очите пред многубројните корупциски скандали во Бугарија, рангирана како најкорумпирана ЕУ-членка?

Бугарија е толку корумпирана што дури и претседателот на Комисијата за борба против корупцијата беше во процес на истрага, бидејќи „заборавил“ да пријави дека кон неговиот ексклузивен стан била вклучена и цела тераса од 186 квадратни метри на покривот на зградата. Таков луксуз повеќето Бугари, кои се на дното на ЕУ-статистиката за платите, виделе само на телевизија.

Во последните години не само бугарските, туку и низа медиуми во европските земји известуваа за злоупотребата на средствата од Европскиот фонд за регионален развој, користени за изградба на „куќи за гости“, но кои во практика биле приватни викендички на политичари. Куќите и становите, со кои осомничените градежни претпријатија „им плаќале“ на политичарите за услугата да го добијат градежниот тендер, најчесто се воделе на име на роднини. Повеќето од замешаните во корупциските афери се од редовите на владејачката партија ГЕРБ, а и самиот премиер Борисов, кој долго се држеше надвор од зачестените скандали, лани, во пресрет на ЕУ-изборите, беше соочен со обвинувања за перење пари и поседување луксузна куќа во Шпанија. Отфрлајќи ги обвинувањата, Борисов рече дека куќата во Барселона всушност била во сопственост на извесен бизнисмен.

Прочитајте и...  Политички земјотрес: Сите да го бираат лидерот!

Таквите непријатни епизоди се проследени со ризици што можат да ѝ наштетат на Европската народна партија (ЕПП), но едновремено претставуваат и добра илустрација за тоа како моќните ЕУ-политичари од западните земји всушност ги затвораат очите пред колегите осомничени за корупциски скандали во најсиромашните земји од поранешниот Источен блок.

При својата посета на Софија, Манфред Вебер, кој беше германски топ-кандидат за христијанско-демократската и конзервативна партиска група ЕПП и еден од најизгледните кандидати за функцијата претседател на Европската комисија, по минатогодишните избори за Европскиот парламент, сосема очекувано доби поддршка за својата кандидатура од Борисов, чија партија е членка на ЕПП. Но во медиумските коментари не беше пропуштено да се забележи дека од своја страна Вебер не изустил ниту еден збор што би можел да биде сфатен како критика упатена кон неговиот бугарски партиски колега.

Најкорумпирана ЕУ-членка

Вебер, всушност, укажал на Бугарија како на успешна приказна, иако сите показатели го покажуваат спротивното. Освен е што е рангирана како најкорумпирана ЕУ-членка, и со најниски плати, Бугарија, поради масовното иселување и нискиот наталитет, има и најбрзо опаѓачка стапка на население во светски рамки, според процените на ОН.

Прочитајте и...  Политички земјотрес: Сите да го бираат лидерот!

Корупцијата и организираниот криминал се сметаат за Ахилова петица на Бугарија уште од зачленувањето на земјата во ЕУ пред тринаесет години. Критичарите сметаат дека во услови кога од Брисел се очекува примена на активни мерки за да се спречи таквиот негативен развој, ЕУ се соочува со парализа, особено кога се во прашање ризиците да се изгубат важни парламентарни мандати и политички функции.

А што се однесува до меморандумот упатен до ЕУ-членките, без оглед дали ќе биде протолкуван како одвлекување на вниманието од проблемите со кои се соочува владата на Борисов, негирањето на македонскиот јазик од официјална Софија не може со ништо да се оправда дека е во духот на стандардите на европско однесување и принципи. Но во исто време малку е веројатно и останува отворено прашањето дали тоа ќе предизвика и некаква посериозна загриженост меѓу европските фактори.

Од слична неутрална позиција како и Манфред Вебер, германското МНР не го коментира бугарскиот меморандум, туку укажува дека историјата треба да им се остави на историчарите и дека двете соседни земји треба да ги решаваат отворените прашања во рамките на билатералниот договор, односно во комисијата на историчарите.

И додека Европската Унија, се чини, замижува со едното око пред бугарските уцени за европските перспективи на Македонија, Бугарија продолжува да се шлепува на опашката на ЕУ, „глумејќи“ посветеност на европските вредности и принципи. Притоа, своите намери во градењето добрососедски односи со Македонија, и во однос на почитувањето на важноста на добрососедството како една од темелните вредности на европската интеграција, Бугарија ги манифестира преку обидот да се провлече зад историјата и преку меморандум да добие пошироко европско разбирање за сопствените ретуширани историски вистини.

Прочитајте и...  Политички земјотрес: Сите да го бираат лидерот!

Прифаќање на „вистината за минатото“

Добрососедство се гради и со прифаќање на „вистината за минатото“, како што вели бугарскиот европратеник Ковачев. Историските вистини се можеби релативни, но останува нејасно како од историографските записи во Европа воопшто би било можно да „исчезне“ окупаторската улога на фашистичка Бугарија и да се замени со „ослободување и воспоставување на локална бугарска администрација“ во Македонија? За кого тоа, всушност, би можело да претставува стара или нова вистина?

Токму во ваков контекст, и покрај сите свечени изјави, идентитетската политика на Брисел и заложбите за популаризација на заедничкото европско културно и историско наследство и понатаму продолжуваат да го заобиколуваат Балканот, каде што политичките елити, но не помалку и обичните граѓани, историското и културно наследство во регионот го доживуваат, пред сè, како повод за континуирани конфликти, кавги и меѓусебни понижувања.

Поврзани вести

Политички земјотрес: Сите да го бираат лидерот!

Сашо Орданоски

Кога експертите молчат, будалите оро водат!

Сашо Орданоски

Политичкото самоубиство на Српче?

Сашо Орданоски

БАН не го уважува Меѓународниот славистички комитет

Коста Пеев

Јуриш кон сонцето преку Вичо и Грамос

Александар Литовски

На што нѐ учи падот на грчката „Златна зора“?

Ненад Јовановиќ

Остави Коментар