Бугарските власти поради птичји грип ќе усмртат 5.380 патки

Фото: МИА

Бугарската агенција за безбедност на храната денеска соопшти дека во градот Раковски, во јужниот дел на Бугарија, се појавил вирус на птичји грип Х5Н8, поради што вкупно 5.380 патки ќе бидат усмртени.

Тоа е прв случај на птичји грип во Бугарија во последните десет месеци.

Околу фармата е создадено заштитено подрачје од три километри, каде е забрането движењето на домашни, диви и други птици, како и продажба на јајца и пердуви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот