Бугарските социјалисти ќе се обидат да состават влада, а за премиер ќе го предложат Асен Василев

Асен Василев
Асен Василев / Фото: МИА

Бугарската социјалистичка партија нема да го врати третиот и последен мандат за формирање влада, одлучи Националниот совет на партијата, јави дописникот на МИА од Софија.

Извршното тело на бугарските социјалисти со 96 гласа „за”, 15 „против” и два воздржани гласаше нивната партија да се обиде да го реализира мандатот, наместо да му го врати на бугарскиот претседател, Румен Радев.

Се очекува БСП до парламентот да предложи законодавна програма со 97 мерки – измени на закони, предлози за избор на раководни функции. Програмата ќе биде шесмесечна – до крајот на годината и ќе послужи како тест за можната поддршка за кабинет.

Доколку програмата го собере мнозинството од 121 пратеник во 47. Народно собрание на Бугарија, следниот ден БСП ќе поднесе свој кандидат за премиер, а тој ќе биде Асен Василев.

-Доколку програмата во петок не собере мнозинство во Националното собрание, БСП ќе го врати мандатот, изјави вицепремиерката и лидер на БСП, Корнелија Нинова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот