Бугарски медиуми: Македонија е лута на Тамара која ја испеа химната без имињата на Гоце Делчев и Сандански

Бугарските медиуми пишуваат дека во Северна Македонија избил нов скандал околу Гоце Делчев, за инцидентот на вчерашниот прием во американската амбасада, кога македонската евровизиска ѕвезда Тамара Тодевска испушти стих интонирајќи ја македонската химна.

Бугарските медиуми го прераскажуваат настанот и ги пренесуваат изјавите на македонските политичари. Тие потсетуваат дека прашањето за Гоце Делчев е се уште актуелно во дебатите кои се водат меѓу двете земји за националноста и одбележувањето на историските фигури од ВМРО.

„Иако со променет текст интонирањето на химната беше поздравено од гостите, меѓу кои беа претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, и опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, бурните реакции дојдоа подоцна, а пејачкaта беше принудена да се извини“, пишува news.bg.

Некои бугарски медиуми цитираат написи објавени на српски портали каде пишува дека „Северна Македонија ја променила својата химна поради притисок од официјална Софија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот