Бугарија ќе им плаќа на македонските Бугари да ја тужат Македонија

Бугарскиот технички министер за надворешни работи, Николај Милков

Бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков, во интервју за бугарската национална телевизија „БНТ“, изјави дека се случува „ескалација и зголемување на тензиите со Македонија“.

„Во последните месеци бевме сведоци на разни дејствија кои се непријателски и неусогласени со разбирањето и договорната основа. Топката е на нивен терен. Немаат рок за спроведување на „францускиот предлог“. Кога ќе го исполнат, тогаш ќе се отвори првата фаза од преговарачкиот процес“, рече Милков.

Тој додаде дека Бугарија е „подготвена финансиски да им помогне на граѓаните со бугарска самосвест во Македонија во правната битка што би ја воделе пред домашните и меѓународните судови“.

„Ние сме подготвени да соработуваме со луѓето со бугарска самосвест во периодот кога тие ќе поднесат жалби до судовите во Македонија и до европските судови. Повеќето од нив можеби немаат финансиски или други средства сами да го направат тоа. Мора да се охрабрат и да се чувствуваат поддржани“, вели техничкиот шеф на бугарската дипломатија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот