Бугарија ќе донира до 150.000 вакцини на земјите од Западен Балкан

вакцинација против ковид
Вакцинација против ковид. / Фото Архива на Слободен печат

Бугарија има намера да донира до 150.000 дози вакцини Ковид-19 на земјите од Западен Балкан, изјави бугарскиот министер за здравство Стојчо Кацаров. Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на Кацаров, Бугарија добила барања од Северна Македонија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина.

– За жал, постапката се покажа како многу тешка. Потребна е координација со ЕК и производителот, без разлика дали ги донирате вакцините или ги продавате. Потребно е многу време. Ние го направивме целото истражување. Бугарија испрати барање до ЕК, на кое треба утре да добие одговор, рече Кацаров.

Тој појасни дека Бугарија има доволно вакцини за да ги задоволи своите домашни потреби, додавајќи дека земјата има 13 или 14 милиони вакцини до крајот на годината.Според него, Бугарија побарала да се одложат некои испораки. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот