По овие фотографии, сите се прашуваат – Дали новата девојка на Бред Пит се врати кај сопругот?

Фото: Профимедиа - Инстаграм

Иако се чинеше дека ништо не може да стави крај на новата љубовна врска помеѓу Бред Пит и 27-годишната германска манекенка Никол Потуралски, со која холивудскиот заводник помина интензивно време во Европа, се појавија фотографии кои фрлија сомнеж дека убавата Германка се вратила кај својот 41 година постар сопруг Роланд Мери, во чиј ресторан Пит и убавицата за прв пат се сретнаа.

Фото: Профимедиа

Тие заедно се забавуваа во Берлин и патуваа низ Франција, дури Бред ја однесе и во замокот каде тој се заколна на вечна љубов кон неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли. Многумина сега се прашуваат дали ова е крајот на врската помеѓу Бред Пит и моделот Никол Потуралски?

Фото: Инстаграм

За крајот на љубовната врска помеѓу холивудскиот актер и 27-годишната Германка говорат нови фотографии кои кружат на Интернет. Дејли мејл објави папарацо фотографии кои можат да бидат доказ дека 27-годишната убавица му се вратила на својот 68-годишен сопруг Роланд Мери, сопственик на познат германскиот ресторан.

Никол Потуралски пред ресторанот „Борчард“ кој е во сопственост на нејзиниот сопруг/Profimedia

Само еден месец по романтичниот престој во Франција со Бред, манекенката беше фотографирана на интимна вечера во друштво на нејзиниот сопруг и неколку пријатели, а судејќи според фотографиите што се појавија во јавноста, убавицата одлично се забавуваше.

Сопругот на Никол Потуралски пред ресторанот „Борчард“ /Profimedia

Потуралски, која има седумгодишен син со Мери, уживаше во друштвото на нејзиниот сопруг во неговиот ресторан „Борхард“, а откако го напушти ресторанот, му даде романтичен знак на вниманието на нејзиниот сопруг, покажувајќи му форма на срце со рацете.

Никол Потуралски пред ресторанот „Борчард“ во Берлин/Profimedia

Нивниот отворен концепт за брак и фактот дека се гледаат со други луѓе збунија многумина, но таквата врска очигледно им одговара. Мери не е љубоморен на нејзините состаноци со други мажи, па затоа не му пречеше кога Никол се гледаше со 56-годишниот Бред.

Фото: Инстаграм

Токму во неговиот ресторан во Берлин, убавата Германка, која ја споредуваат со Анџелина Џоли и Ирина Шајк, се сретна со Бред Пит, со кого интензивно се гледаше последните месеци.

Фото: Инстаграм

Бидејќи Никол и Роланд не заминаа заедно дома по вечерата, останува нејасно дали парот и покрај сè останале само добри пријатели и сопружници или пак ја обновиле својата љубов. Се поставува прашањето и дали манекенката ја завршила врската со Бред или нивната љубов сè уште цвета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот