Брзо и вкусно: Торта од кокос и чоколадо

Торта со кокос и чоколадо / Фото: Pexels

За оваа торта со кокос и чоколадо нема да ви биде потребна кујнска вагичка – сѐ што ќе ви треба е една чаша за млеко со која ќе ги измерите состојките.

Исто така, нема да ви бидат потребни ни некои егзотични состојки, но оние кои сакаат да експериментираат при готвењето, можат да користат семе од афион или мелен рогач наместо кокосово брашно, а дури можат да додадат и суво грозје, јаболка или круши исечкани на коцки.

Прилично брзо, но и многу вкусно!

Кокос / Фото: Pexels

Потребни состојки:

  • 1/2 чаша кисела павлака
  • 1/2 чаша јогурт
  • 1 чаша полномасно млеко
  • 1/3 чаша масло
  • 1 чаша рендан кокос (крупно мелено брашно)
  • 2 ќесички ванилин шеќер
  • 1/2 чаша шеќер
  • 2 чаши остро брашно
  • 1 лажица пченичен гриз
  • 1 лажичка прашок за пециво

Состојки за глазурата:

  • 100 грама темно чоколадо
  • 2 лажици масло

Подготовка:

Измешајте го шеќерот во млеко за да се растопи.

Посебно измешајте ги сувите и влажните состојки, потоа измешајте ги заедно и префрлете ги во мал сад за печење или калап за помала торта, кој ќе го подмачкате и посипете со брашно за да не се залепи тестото.

Печете од 25 до 30 минути на 180 Целзиусови степени и, на крајот, проверете со чепкалка дали тортата е готова. Доколку е чепкалката е чиста, без трошки од тестото, тортата е готова за вадење од рерна.

Кога тортата ќе се испече, извадете ја и прелијте ја со чоколадната глазура додека е сѐ уште врела.

Направете ја чоколадната глазура така што ќе ги стопите коцките чоколадо за готвење на пареа и ќе ги измешате со масло.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот