Брзо и едноставно – Еве како да го поправите сексуалниот живот!

Според истражување на Универзитетот Нотр Дам во Мериленд, мачо мажите имаат подобар сексуален живот. Резултатите покажале дека мажите кои постигнале најдобри резултати по стандардизиран прашалник за машкоста, својот сексуален живот го оцениле како идеален.

„Причината за тоа е што машкоста е поврзана со самодовербата, а сето тоа може да помогне во поправувањето на сликата за самиот себе. Вашите цели, високата самодовербата и сличните работи се многу важни за машкоста, а сето тоа посебно доаѓа до израз во спалната соба“, објаснува коавторката на студијата, д-р Саманта Даниел.

Истражувањето открива дека комуникацијата во сексот е многу важна и крајниот заклучок е дека треба да разговарате за тоа што го сакате во креветот за да бидат задоволени вашите желби.

Кога на партнерката и ги искажувате желбите и потребите зборувајте го тоа во текот на сексуалниот чин. Според сексологот Глорија Брејм, повеќето жени сметаат дека е секси да водите безобразни муабети во текот на сексот.

Затоа, зачинете го сексуалниот живот со моќта на изговорените зборови, пишува Men’s Health.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот