„Брзам да не ми изгори колачот“ – Романка летала со 176 км на час на селски пат
Романската полиција казни жена возач за пребрзо возење, која рекла дека морала да брза дома за да не ѝ изгори колачот во рерната. Жената, која била запрена еден ден пред православниот празник Велигден, возела со 176 километри на час, пребрзо по тесен селски пат на југоистокот од земјата.
Препорачано
„Возачката „ги тестираше границите на физиката“ со таа брзина и се обиде да го оправда тоа со „кулинарска драма“, објави полицискиот инспекторат на округот Констанца во објава на Фејсбук. Патем, максималната дозволена брзина во населбата е 50 км/ч.
Таа рекла дека за Велигден печела традиционален козунак, романски колач од квасец направен со суво грозје или ореви. Жената е казнета со околу 400 евра, што, според полицијата, било доволно за „20 готови козунаци со врвен квалитет“.
Покрај паричната казна, одземена ѝ е и возачката дозвола на четири месеци, па сега „има доволно време како пешак да ги научи сите тајни на печењето“, порачаа од полицијата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
6час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


