Брз крај на скопски крадец, украдени предмети вратени на газдите

Во период од 10 јануари до 11 април годинава, осомничениот, со совладување препреки, влегол во три куќи во Велес и одзел поголем број подвижни предмети со намера истите противправно да ги присвои.

Полициски службеници од СВР Скопје од Полициско одделение Шуто Оризари вчера вечер, на улица „Нов живот” го лишиле од слобода А.Г.(20) од Скопје поради сомнение дека е сторител на кривично дело „тешка кражба”, информира Министерството за внатрешни работи.

Поради откупување предмети од пријавената „тешка кражба”, МВР информира дека во Полициското одделение Шуто Оризари на разговор бил повикан Ф.О.(39) од Скопје, а украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетениот.

МВР соопшти дека по целосно документирање на случајот, против А.Г. ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик – „тешка кражба”, додека против Ф.О. ќе биде поднесена кривична пријава по член 261 од Кривичниот законик за „прикривање”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот