Бројот на новозаразени во Скопје опаѓа, нови случаи во други градови низ државата

Вкупната бројка на позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашните 132 новозаразени, се искачи на 6.209. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.484. Во текот на претходното деноноќие од Ковид-19 починаа 12 лица, со што бројот на оние кои ја изгубија битката со болеста сега е 298.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти од Струга на возраст од 60 и 66 години, пациент од Тетово на возраст од 49 години и пациент од Скопје на 72 години.

Во ГОБ „8 Септември” починати се четири лица, тројца пациенти од Скопје на возраст од 56, 69 и 75 години и пациентка од Велес на 68 години. Во болницата во Штип е починат пациент на возраст од 81 година. Во Гостивар е починат пациент на 70 години. Во Тетово е починат пациент на 62-годишна возраст.

Во болницата во Козле почина пациентка од Скопје на возраст од 83 години, која денеска е потврдена позитивна.

Двајца вработени во кумановската болница, повторно позитивни на Ковид-19, откако претходно на почетокот на пандемијата го прележале заболувањето.

На Инфективната клиника хоспитализирани се 92 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, две деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“хоспитализирани се 136 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 32 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 78 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Прочитајте и...  САД успешно тестираа далечинско лансирање на нуклеарна ракета со команда од воздух

Во Скопје досега биле дијагностицирани на коронавирусот 3006 лица, а активни се 1986, од кои најмногу во општина Чаир околу 420, потоа следуваат Аеродром, Бутел, Гази Баба, Сарај, Центар, Карпош, Ѓорче Петров, каде што бројот се движи од 100 до 150 заразени.

– Бројот на заразени во градот Скопје е во континуиран пад, но имаме нови случаи во други градови, во околината на Тетово и на Гостивар, во Штип не многу, но сè уште има, како и во Ресен и Битола. И тоа сè уште ја одржува бројката на заразени нешто повисока. Факторот на преносливост, во последните денови, е под единица и многу е битно така да опстане. Апсолутно сите случаи се резултат на непочитување на мерките. Мора сите да сфатат дека само така ќе се извлечеме од оваа криза, изјави министерот за здравство Венко Филипче по вчерашната посета на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, кој е нов КОВИД центар.

Тој вчера соопшти дека Комисијата за заразни болести го одобри протоколот за организирање јавни настани кој минатата недела го предложија претставници на Здружението на музичари и на организатори на настани. Од Комисијата е донесена дозвола да се организираат јавни настани со тоа што местото треба да биде пополнето не повеќе од 50 проценти од капацитет каде што ќе се организира настанот.

Филипче истакна дека предложениот протокол е солиден зашто предвидува контролиран влез на настанот, картите ќе се продаваат електрионски за да не се прават редици и метеж и задолжително ќе се носат заштитни маски.

Прочитајте и...  Италијанскиот Робинзон Крусо очаен откако властите решија да го протераат од островот

Во однос на градинките министерот Филипче рече дека тие нема да се отворат во скоро време, поради порастот на бројот на заболени.

Тој потенцира дека одлука да се направи скрининг на вработените била донесена во период кога состојбата со коронавирусот дозволувала да се размислува за отворање на градинките.

В среда, на 1 јули, се отвораат двата аеродрома, во Скопје и во Охрид.

Патниците ќе мора да дојдат три часа пред летот, зашто проверките поради заштитните мерки се малку подзабавени. Лицата треба да носат заштитни маски за цело време на летот, а кабините на авионите, се опремени со специјални хепа филтри кои уништуваат 99,9 отсто од вирусите и бактериите

Грција утре отвора седум гранични премини на копнените граници со Северна Македонија, Албанија, Бугарија, Турција.

Во однос на нашата земја, ќе биде отворен само граничниот премин Евзони (Богородица), додека пак кон останатите три земји отворени ќе бидат по два гранични премини.

Во монтажната болница што се наоѓа до Инфективната клиника до среда или четврток треба да биде поставен системот за кислородна поддршка, донација од компанијата која го обезбедува со кислород целиот клинички центар.

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз денеска во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ќе предаде донација од Соединетите американски Држави, преку Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ) во вредност од 35.000 американски долари, како поддршка за намалување на ширењето на КОВИД-19.

Како што информираат од ЈОРСМ, во рамките на оваа донација, судовите, Академијата за судии и јавни обвинители, Судскиот совет, јавните обвинителства, Советот за јавни обвинители, затворите и Управата за извршување санкции ќе добијат средства за чистење и дезинфекција на површини и антибактериски гелови за дезинфекција и суво миење раце.

Прочитајте и...  „Ферари“ во добивка, очекува милијарди евра приход

Амбасадата на САД во Скопје ќе додели вкупно 6.360 пакувања од по половина литар антибактериски гел за дезинфекција и суво миење раце како и 400 средства/раствори од по 10 литри за чистење и дезинфекција на површини, набавени од домашни производители.

Казино „Фламинго” Хотел Гевгелија, членка на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија додели донација со дезинфекциски средства во износ од 20.000 евра на ЈЗУ Општа болница во Гевгелија, како дел од хуманитарната кампања за потпомагање на здравствените институции кои се вклучени во борбата против КОВИД-19 вирусот.

Кај населението во земјава се бележи зголемен страв од можноста за зараза со коронавирусот. Се намалува скептицизмот на луѓето за опасноста и заканите од вирусот, а влошената ситуација со епидемијата ја намалила поддршката на граѓаните за власта во однос на справувањето со неа, покажаа податоците од истражувањето „Gallup International Association спроведено во 19 земји низ целиот свет, меѓу кои и земјава.

Влошената ситуација, со зголемениот број на новозаразени, за само неколку месеци драстично го намалила бројот на скептиците кои на почетокот на кризата веруваа дека заканата од вирусот е претерана, од 73 отсто во март на 44 отсто во јуни, оставајќи ја јавноста поларизирана околу идејата дека до крајот на годината животот во земјата би се вратил полека во нормала (46 отсто).

Прочитај повеќе

АЕК: Постапка за 5Г до крај на годината преку аукција, поединечни одобренија за сите опсези

Слободен печат

Грција испраќа спасувачки тим во Бејрут

Слободен печат

Кина со остар протест до САД заради најавената посета на американски министер на Тајван

Слободен печат

Нападнат Беким Асани: Планирам да купам пиштол, не може кој како ќе стигне да ме тепа!

Мирослава Бурнс

Вучиќ ќе избира меѓу четворица кандидати за нов српски премиер

Слободен печат

Ново промотивно видео кое ја претставува Македонија како врвна дестинација (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Во исчекување на протоколите, МОН објави прирачник за чистење на училиштата

Слободен печат

Од почетокот на кризата околу 20.000 луѓе загубиле работа: Работодавачи делат откази и на хронично болни лица

Се урна понтонски мост при воена вежба во Русија, повредени 18 лица

Слободен печат

Цивил со осуда против насилството и делата од омраза

Слободен печат

Слободанка Јакимовска Јосифовиќ, професионален нуркач: Под вода сум како во вселената, како да лебдам

Јасмина Кантарџиева Димков

Едно лице обвинето за недозволено поседување оружје и муниција во Скопје

Слободен печат