Брод на Нил со 2.000 патници во карантин поради коронавирус

EPA-EFE/SVEIN OVE EKORNESVAG NORWAY OUT

12 лица се позитивни на коронавирус, а на крузерот му е забрането да застане во пристаништа во Тајланд и Малезија.

Брод на Нил е ставен во карантин во Луксор, јужен Египет, откако 12 лица од повеќе од 150 туристи и членови на екипажот се позитивни на новиот коронавирус, а на крузер со 2.000 патници му е забрането да застане во пристаништа во Тајланд и Малезија.

Египетските здравствени власти денеска соопштија дека еден тајванско-американски турист кој бил на бродот бил тестиран позитивно на вирусот по враќањето во Тајван кон крајот на февруари.

Меѓу патниците има Американци, Французи и Индијци. Во изолација на бродот се 12 лица, а останатите ги чекаат резултатите од анализите.

Малезиските власти утрово одбија да му издадат дозвола на патнички брод со околу 2.000 патници и членови на екипажот да се укотви во пристаништето во северната држава Пенанг, поради тоа што меѓу патниците имало 64 Италијанци.

По Тајланд, Малезија е втора земја што му забрани на крузерот „Коста Фортуна” да се укотви.

На бродот вчера му беше забрането да се доближи до островот Пукет на Тајланд.

„Коста Фортуна” продолжи да плови кон Сингапур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот