Брнабиќ вети дека ќе ја почитува одлуката на опозицијата доколку ги бојкотира изборите

Ана Брнабиќ/ Фото EPA-EFE/Rafal Guz Poland Out

Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ изјави дека ќе ја почитува одлуката на опозицијата доколку ги бојкотира изборите во Белград, но дека „нема да дозволи немири“.

Брнабиќ во гостувањето на телевизија Хепи рече дека опозициските политичари останале нејасни и „намерно не кажале дека ќе ги бојкотираат изборите“.

– Се надевам дека ќе излезат, но ако не излезат, тоа е нивна политичка одлука. Она што е недозволиво се нереди и спречување други луѓе да гласаат, рече Брнабиќ.

Брнабиќ во средата ги распиша изборите за советници на Собранието на Белград за 2 јуни 2024 година, откако без договор завршија разговорите меѓу власта и опозицијата за подобрување на изборните услови преку спроведување на препораките на ОДИХР.

Опозициските коалиции „Србија против насилството“ (СПН) и НАДА побараа локалните избори да се одржат истиот ден во оние места во Србија каде што не се гласаше на 17 декември минатата година, но тоа барање не беше прифатено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот