Брнабиќ: Албанците на Косово не ги гледам како непријатели, политиката на Курти е погубна и за нив

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ/ Фото EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека не ги гледа Албанците на Косово како непријатели, а дека нејзина желба е на Албанците на Косово да им биде подеднакво добро како и на Србите, објавија косовските медиуми.

Брнабиќ смета дека косовскиот премиер Албин Курти е еднакво погубен и за Србите и за Албанците кои живеат на Косово.

„Јас никого не гледам како непријател. Не ги гледам Албанците како непријатели. Мислам дека тоа што го прави Албин Курти е исто толку погубно за Албанците во Косово. Мојата агенда е на Албанците на Косово да бидат да им биде подеднакво добро како и на Србите. За да има стабилност таму, што ќе обезбеди економски просперитет, работни места, инвестиции, бидејќи кога луѓето ќе видат дека имаат работа и некаква перспектива за себе, никој нема да сака да војува. Но, мислам дека политиката на Албин Курти е погубна за Албанците, особено за помладата генерација. Не, таму не гледам перспектива“, рече Брнабиќ.

Бранбиќ додаде дека Србија сака мир и стабилност.

„Замислете сега поинаква ситуација, ако Албин Курти, на пример, прагматично прифати пред оваа тешка зима и предизвикувачки времиња, да соработуваме на полето на енергетиката, колку тоа би ја релаксирало целата ситуација, колку би било поинаку. Не. тој одби. Така да не ги гледам како непријатели, мислам дека би било погубно да гледам на некого како непријател. Она што ни треба е мир и стабилност“, рече Брнабиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот