Брижит искрено за врската со Емануел Макрон: Десет години чекав да се омажам за него поради децата

Фото: EPA-EFE/BENOIT TESSIER / POOL MAXPPP OUT

Сопругата на францускиот претседател Брижит Макрон во новото интервју за британскиот весник „Тајмс“ изјави дека чекала 10 години за да се омажи за Емануел Макрон и дека ја одложила нивната венчавка само поради нејзините деца.

Брижит Макрон го одложила бракот со идниот француски претседател за една деценија бидејќи се плашела дека животот на нејзините три деца ќе бидат уништени со тоа што ќе ја официјализира врската со момче на нивна возраст.

Инаку, поранешната учителка по глума на 45-годишниот Емануел Макрон, откри детали од нивната романса во училницата во интервју за магазинот „Парис метч“, како и детали од нејзиниот живот како прва дама од 2017 година.

Се вели дека Макрон имал 15 години кога се заљубил во Брижит Озиер, 40-годишна мажена жена, чија ќерка Лоренс била негова соученичка во католичкото училиште во Амиен, северна Франција.

Таа постепено подлегнала на неговиот шарм, а аферата предизвикала скандал во провинцискиот град Пикардија. Родителите на Макрон, двајцата лекари, го испратиле својот син во Париз да го продолжи образованието, но тој и понатака бил во контакт со Брижит.

„Главата ми беше во хаос. Емануел мораше да оди во Париз. Си реков дека ќе се заљуби во некоја на негова возраст. Тоа не се случи“, раскажува таа.

Во меѓувреме се откажала од предавањето глума, но предавала француски и латински јазик.

„Единствената пречка беа моите деца. Чекав да не им ги уништам животите. Тоа траеше 10 години… Можете да замислите што слушаа“, рекла Брижит.

Сепак, како што изјавила, таа не сакала да го пропушти животот и затоа се одлучила на тој чекор.

Инаку, таа се разведе од сопругот Андре-Луј Озиер во 2006 година и се омажи за Макрон во 2007 година, кога тој беше млад државен службеник.

Нејзиниот син сега има 48 години, само три години постар од вториот сопруг, а нејзините ќерки имаат 46 и 39 години.

Емануел и Брижит водат мирен живот, таа му подготвува појадок, а понекогаш и вечера на претседателот, чекајќи го да се врати дома од работа помеѓу 22 и 23 часот. Таа работи во образование за возрасни за добротворна организација и научи да се справува со критики, како што е наоѓање грешки во изборот на нејзината гардероба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот