Бритни Спирс / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Бритни Спирс го избриша Инстаграмот по загрижувачките објави и спорот со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн

Поп ѕвездата Бритни Спирс го избриша својот Инстаграм профил на 2 ноември, по низа загрижувачки објави поради спорот со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн околу неговите неодамна објавени мемоари, пишува „Пипл“. Нејзините следбеници изразија загриженост поради содржините што ги споделуваше во последните недели, вклучувајќи и видео со модринки на рацете.

Бритни објавуваше видеа со танцување во дневната соба, но ги исклучи коментарите на објавите за нејзините деца, Џејден Џејмс (19) и Шон Престон (20).

Едно од видеата, објавено на 7 октомври, покажуваше дека Спирс имаше модринки на рацете и завои околу рацете и зглобовите. Во описот објасни дека паднала по скалите и спомена дека нејзините синови морале да се вратат на Хаваи, каде живеат со Федерлајн.

„Моите момци мораа да се вратат во Мауаи“, напиша таа, додавајќи: „Ова е начин на кој се изразувам и молам преку уметност … не сум тука за жал, сакам да бидам добра жена и да бидам подобра … и имам одлична поддршка, па ви посакувам прекрасен ден!“

Во друга објава, на 19 октомври, Спирс се осврна на својата рехабилитација во 2018 година за време на 13-годишната старателска забрана и влијанието што тоа го имало врз нејзиниот живот. Во објавата напиша дека претрпела „оштетување на мозокот“.

Во мемоарите на Федерлајн, се изложени разни тврдења за Спирс, нивниот брак и нејзиниот однос со децата. Медиумите пренесоа наводи за нејзиното однесување како родител, наводна неверство и чувство на страв дека ѝ може да се случи нешто лошо.

Спирс на 15 октомври преку социјалната мрежа Икс го обвини Федерлајн дека „постојано манипулира“ и го бранеше својот однос со децата. Таа го критикуваше и неговото појавување во медиумите, тврдејќи дека тој „буквално ја напаѓа“ во интервјуата.

Семејството на Бритни Спирс е загрижено за пејачката:

„Сите ѝ посакуваат најдобро, но таа моментално носи лоши одлуки“.

Претставниците на Спирс одговорија на обвинувањата од мемоарите на Федерлајн:

„Со новите информации од книгата на Кевин, тој повторно профитира на нејзина сметка, што доаѓа откако заврши алиментацијата. Бритни се грижи исклучиво за своите деца, Шон Престон и Џејден Џејмс, и нивната благосостојба за време на оваа сензационализација. Сè е детално опишано во нејзините мемоари.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот