Британскиот министер за надворешни работи одби да поднесе оставка

 Британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб, денеска ја повлече оставката, откако не успеа да оствари телефонски разговор за да им помогне на преведувачите да заминат од Авганистан, нагласувајќи дека брзиот напредок на талибанците го оневозможил контактот.

Раб беше на одмор на Крит, кога неговиот кабинет беше советуван да му се јави на авганистанскиот колега, да го повика да помогне во евакуацијата на локалните преведувачи кои им помагаа на британските сили.

Меѓутоа, повикот не е воспоставен, што доведе до барање за оставка на Раб и обвинувања дека Британија ги заборавила преведувачите.

– Додека министерот за надворешни работи лежеше на лежалка, талибанците напредуваа. Министерот за надворешни работи треба да се срами, а премиерот да одговори на сериозни прашања зошто останува на функцијата, изјави Лиза Нанди, портпарол за надворешна политика на главната опозициска Лабуристичка партија.

Но, Раб ги бранеше своите постапки, критикувајќи ги медиумите дека шират „неточни” информации.

– Министерот за надворешни работи на Авганистан, Ханеф Атмар се согласи да го прифати телефонскиот повик, но не успеа поради брзо влошената ситуација, се вели во соопштението објавено од кабинетот на шефот на британската дипломатија.

– Целата влада неуморно работеше во текот на минатата недела за да им помогне на што е можно повеќе луѓе да се евакуираат од Авганистан, се додава во текстот.

Кабинетот на Раб беше советуван да го повика Атмар минатиот петок кога талибанците се упатија кон Кабул.

Владата беше на удар на критика поради нејзината политика кон преведувачите, со обвинение дека не прави доволно за да помогне.

На 4 август Владата соопшти дека има за цел да ги премести семејствата на 500 вработени кои работеле за британските војници „што е можно поскоро” – вкупно околу 2.500 луѓе

Иѕвор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот