БРИТАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ ПОРАЧА: Излегуваме од ЕУ на 31 октомври со или без договор!

Велика Британија може да ја напушти Европската унија на 31 октомври без договор, и покрај законот кој од премиерот бара да побара одложување на Брегзит доколку не се постигне договор, изјави денеска британскиот министер за финансии Саџид Џавид.

Одговарајќи на новинарско прашање дали е можен Брегзит без договор, тој рече дека е.

– Тоа не е наша преферирана опција. Работиме вредно на постигнување договор до 31 октомври. Меѓутоа, доколку не успееме мислам дека е важно во секој случај да излеземе, па дури и без договор. Не е совршено, но соодветно е да си заминеме на 31 – изјави Џавид за Ај-Ти-Ви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот