Британската полиција казни 126 луѓе поврзани со случајот „Забавите на Даунинг стрит“

Британска полиција пред Даунинг стрит/ Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

Заврши истрагата за забавите во период на строг „локдаун” поради Ковид-19, одржани во Даунинг стрит, 126 лица се казнети, соопшти денеска британската полиција, јавија тамошни медиуми.

Премиерот Борис Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак се казнети поради собир во канцеларија во јуни 2020 година. Тогаш, Џонсон славел 56-ти роденден, во време кога собири беа забранети.

Откако се дозна за забавата, опозиционери, но и политичари од Конзервативната партија, од Џонсон побараа оставка.

„Истрагата беше темелна и целосна, завршена е најбрзо што можевме, со оглед на количеството информации што мораше да се обработи и важноста да обезбедиме силни докази за секоја напишана казна. Истрагата сега е завршена”, наведуваат од лондонската полиција.

Казните биле во врска со осум датуми, кога се организирале разни собири во Даунинг стрит и во владини канцеларии, меѓу мај 2020 и април 2021 година. Тој период, на сила беа антиковид мерки.

Меѓу казнетите се 53 машки и 73 женски лица, некои од нив добиле повеќе од една казна.

Засега, нема никаков одговор од Даунинг стрит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот