БРИТАНСКАТА КРАЛИЦА БАРА КОЊУШАР Платата е 25.000 евра, сместувањето е во Бакингемската палата

Кралицата Елизабета бара нов коњушар, а за оваа работа таа нуди 25.000 евра плата месечно, како и бесплатно сместување во Бакингемската палата.

Од новиот коњушар се бара да ги храни, чисти и одржува коњите. Меѓутоа, кралицата е со намера да го одбере оној кој има голема љубов кон животните и навела дека сака да вработи личност која ќе ужива да ја работи својата работа, пренесуваат британските медиуми.

Освен тоа, се бара и некој кој знае да јава коњи и да управува со кочија. За тоа барање стои објаснувањето дека коњушарот во иднина ќе присуствува на сите церемонии кои ќе се одржуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот