Британска студија: Азитромицинот и доксициклинот не се ефикасни во лекувањето на Ковид-19

Студија спроведена во Велика Британија покажа дека антибиотиците азитромицин и доксициклин генерално не се ефикасни терапии за раните фази на ковид-19 со цел да се спречи хоспитализација на пациенти или понатамошни интервенции, објави Универзитетот во Оксфорд.

Студијата покажа дека азитромицин и доксициклин не се корисни за пациенти со ковид-19 кои се постари од 50 години и кои се лекувале дома со еден од овие два антибиотици, според веб-страницата на Универзитетот во Оксфорд.

На страницата е објавено дека повеќе детали во врска со испитувањето ќе бидат објавени наскоро во научно списание.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот