Британија во голем проблем поради Евровизија, ќе „извисат“ светски познати имиња

Фото: Твитер/Eurovision song contest

Велика Британија се согласи да биде домаќин на Евровизија следната година, наместо Украина, која оваа година победи на натпреварот. Причина за тоа е руската агресија врз оваа земја, поради што нема да биде можно натпреварот да се одржи под предвидливи околности.

Меѓутоа, Британија сега е во неволја. Ниту една голема арена во Англија во моментот нема доволно слободни термини за да го угости најголемиот музички натпревар следната година.

Фото: ЕПА

Англија наместо Украина

„Би-би-си“ ја прифати поканата да биде домаќин на настанот во 2023 година, откако организаторите одлучија од безбедносни причини Евровизија да не се одржи во Украина, иако победи украинскиот бенд „Калуш оркестра“.

Станува збор за исклучително сложен настан кој бара долга подготовка, а според информациите со кои располага „Би-би-си“, тоа значи дека продуцентите мора да ја имаат на располагање салата шест до осум недели пред да започне натпреварот за најдобри песни на Европа. Сè уште не е познато кој град ќе биде домаќин на Евровизија 2023 година, бидејќи дури в петок ќе се знае кој ќе влезе во потесниот круг.

Сега е речиси сигурно, според „Би-би-си“, дека датумите на некои претходно закажани концерти на светските ѕвезди ќе мора да бидат одложени или откажани за да се направи простор за Евровизија во мај.

Елтон Џон ќе „извиси“?

Меџик Мајк, Андре Риу и Елтон Џон се меѓу оние кои имаат резервирано концерти во тој период во местата кои се во конкуренција за одржување на натпреварот, вклучувајќи ги Ливерпул, Лидс и Глазгов.

Ниту „Би-би-си“ ниту „ЕБУ“ (Евровизиска радиодифузна унија) не сакаа да ги откријат точните барања што ги побараа од градовите во првата фаза од процесот на пријавување. Наместо тоа, тие упатуваа на веб-страницата со често поставуваните прашања.

Градоначалникот на Бристол вели дека тие се пријавиле за домаќини, иако немаат арена, но се обврзале да изградат место за настанот за помалку од девет месеци.

Од повеќе арени рекоа за „Би-би-си“ дека, ако се избере нивното место на одржување, тие ќе разговараат со резервираните продукции, но не можеле да одговорат на прашањата за финансиските трошоци, бидејќи тоа во ова фаза е само хипотетички и секој договор за настан е различен.

Украина нема да биде домаќин на Евровизија: Музичкото натпреварување во 2023 година ќе се одржи во оваа земја

Европската радиодифузна унија одлучи: Евровизија 2023 нема да се одржи во Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот