Британија може да ѝ испрати борбени авиони на Украина, најави министерот Волас

Бен Волас
Фото: EPA-EFE/Philip Davali

Британскиот министер за одбрана Бен Волас денеска изјави дека Лондон не ја исклучува можноста да испрати авиони во Украина, истовремено предупредувајќи дека тоа не значи „волшебно стапче“ со оглед на потребното време за обука.

– Бев јасен за авионите. Ако има нешто што научивме изминатата година, тоа е да не правиме ништо однапред и да не исклучуваме ништо, изјави Волас.

Кијив бара борбени авиони Ф-16 од американско производство како помош за да ја одврати руската инвазија врз Украина. САД соопштија дека засега не планираат да испратат Ф-16 во Украина, но другите земји како Полска се поотворени за тоа прашање.

– Многу сум отворен да размислувам за секаков вид системи, не само авиони, за да и помогнам на Украина. Тие работи не се случуваат преку ноќ. Обуката на украинските пилоти би траела со месеци, истакна Волас, додавајќи дека „нема волшебно стапче за тој ужасен конфликт“.

Портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак пред два дена изјави дека авионите Тајфун и Ф-25 се исклучително софистицирани и оти се потребни месеци обука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот