Британци веќе прават резервации за летување: Хит дестинации се Грција, Турција и Шпанија

EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Резервациите за летни одмори скокнаа за 600 проценти оваа година, откако Велика Британија донесе одлука за укинување на рестриктивните мерки, давајќи им надеж на авиокомпаниите и туристичките агенции дека ќе можат да работат нормално оваа година.

Британската туристичка организација соопшти дека Грција, Шпанија и Турција се најбараните дестинации. Резервациите се однесуваат од почлетокот на месец јули, па натаму.

Компанијата „Изиџет” соопшти дека резервациите преку ноќ се зголемиле за 300 проценти, а резервациите за одмор пораснале за 600 проценти од недела во недела, особено откако владата вчера најави дека патувањата може да продолжат од средината на мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот