Брисел со обвинување до Белорусија : Директно ни се заканувате! Ни праќате мигранти

Земјите -членки на ЕУ ја обвинија Белорусија дека директно ја загрозува ЕУ со тоа што ги брка од своја територија кон соседните земји бегалците кои бараат.

Во соопштението на ЕУ се наведува дека Брисел донел „тешка одлука“, во исто време кога се случува државниот удар во Авганистан, дополнително да ги зајакне своите надворешни граници, пренесува Ројтерс.

Европската унија го обвинува белорускиот претседател Александар Лукашенко дека организирал пристигнување на илјадници луѓе на границите на Литванија, Летонија и Полска со цел да се одмазди за санкциите воведени против Белорусија

.Министрите за внатрешни работи на ЕУ ја обвинуваат Белорусија дека се обидува да ги „инструментализира човечките судбини за политички цели“.

ЕУ се плаши од повторување на мигрантската криза од 2015 и 2016 година., кога хаотичното доаѓање на повеќе од милион луѓе од Блискиот Исток ги загрози и преоптовари безбедносните и социјалните системи и ја охрабри поддршка за екстремно десничарските организации во рамките на Унијата.

Во исто време, припадниците на Летонската гранична служба денеска спречија илегален влез на 46 мигранти, а уште шест лица кои дојдоа од Белорусија во последните 24 часа беа приведени, објави денеска локалната агенција ЛЕТА.
.
Поради тензиите на границата со Белорусија , Литванија, испрати протестна нота до Минск, бидејќи група белоруски граничари ја прекршиле границата, и влегле на литванс атериторија.

Во меѓувреме, Полска распореди стотици војници на границата со Белорусија со цел да им обезбеди поддршка на граничарите во време кога голем број бегалци сакаат да влезат во земјата, како дел од ЕУ

Посла соопшти дека вклучилла повеќе од 900 полски војници, и дека според првичните сознаанија повеќето бегалци потекнуваат од Ирак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот