Брисел не шпекулира со 2030 година како тајминг за влез на Македонија во ЕУ

Оценката на Брисел е дека војната во Украина го придвижи процесот на проширување на позитивен начин, а лидерите на ЕУ се повеќе посветени на интеграцијата на Западен Балкан.

Македонија, велат европски дипломати, ги почна преговорите со скринингот како прва фаза, а поради ангажманот на владата на билатералните прашања, факт е дека недостига напредок кај другите прашања, вклучувајќи владеење на правото, борба против корупцијата, чист воздух, слобода на изразување… и повторно на сцена ги ставаат уставните измени.

Во Брисел се свесни дека тешко ќе се стигне до двотретинско мнозинство за усвојување на уставните измени, бидејќи, како што велат, „имате тежок сосед кој постојано ги менуваше барањата кон Северна Македонија”, но сегашниот договор го отвора патот за земјата па порачуваат „конечно вреди да се оди напред”.

Но никој не сака да ги коментира прогнозите од македонската Влада за 2030 година како реален рок за влез во Унијата, со објаснување дека тие никогаш не шпекулираат за тајминг, туку важно е земјата да биде подготвена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот