Брисел ги суспендира контрамерките по трговскиот договор со Вашингтон
Брисел денес објави дека ги суспендира контрамерките на царинските давачки на Доналд Трамп поради трговскиот договор постигнат меѓу САД и Европската Унија.
Препорачано
Во текот на изминатите неколку месеци Комисијата подготви список на американски производи за кои ќе бидат воведени царини доколку САД и ЕУ не постигнат договор.
Оваа листа вклучува соја, авиони, автомобили и друга стока во вредност од 93 милијарди евра.
По месеци многу тешки преговори, Брисел и Вашингтон потпишаа трговски договор на крајот на јули врз основа на царински давачки од 15% за европските производи што пристигнуваат во Соединетите Држави.
– Комисијата денес ја започна потребната законска постапка за суспендирање на примената на нашите европски контрамерки – изјави денес портпаролот на Европската комисија, Олоф Гил.
Европската комисија не ја исклучи можноста за повторно воведување на овие контрамерки во случај на повторување на трговската расправија со администрацијата на Трамп.
– Ги ставаме (овие мерки) настрана, но секогаш можеме да ги вратиме – објасни европски функционер, кој побара да не биде именуван.


