Бремената сопруга на Надал мора на операција, тенисерот бесен

Фото: Профимедиа/ЕПА

Медиумите пред неколку дена објавија дека бремената сопруга на тенисерот Рафаел Надал, Марија Франциско Перељо, е примена во приватна клиника во Палма де Мајорка, каде најверојатно ќе биде подложена на итна операција. Марија била итно примена во болница во 31-тата недела од бременоста.

Во моментите кога треба да се бори за својата 23. Грен слем титула, Рафаел Надал поминува низ агонија. Имено, неговата сопруга неодамна била хоспитализирана, а пред сè, се размислувало дали ќе биде неопходна операција поради потенцијални компликации со бременоста, пишува весникот „Периодико“.

 


Следувале одлични вести дека бебето е добро и надвор од животна опасност, но дека сопругата ќе мора да остане уште неколку недели во болницата во Палма де Мајорка за превентивно да се следи нејзината состојба, објави шпанска „Марка“.

Иако Надал се труди својот приватен живот да го држи подалеку од очите на јавноста, некој ја фотографирал неговата бремена сопруга, а потоа ја открил нејзината здравствена состојба, што го налутило.

Тенисерот толку се налутил што размислува да поднесе тужба, пренесуваат шпанските медиуми.

Ако престојот во болницата помине добро и нема никакви компликации, доаѓањето на првото дете на брачната двојка Надал, ќе се совпадне со прославата на третата годишнина од бракот на крајот на октомври.

Сопругата на Рафаел Надал објасни зошто ретко се појавува на неговите натпревари

ВИДЕО: Надал рутински на „УС Опен“, крај за Осака и ланската шампионка Радукану

ФОТО | Има 23 години и споделува разголени фотографии на Инстаграм: Која е новата девојка на Пике?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот