Фото: Ана Волш/Инстаграм / ABC News

Обвинетиот убиец Волш барал на „Гугл“ повеќе начини како да ја убие и распарчи сопругата од Србија

Брајан Волш, кој е обвинет за убиство на неговата сопруга Ана Волш, која исчезна на 1 јануари во Кохасет САД, денеска беше изведен пред суд, каде му беше прочитано обвинението, објавија американските медиуми.

Обвинителот ги прочитал деталите каде се движел Брајан по исчезнувањето на Ана, што барал на Интернет, како и тоа дека е пронајдена ДНК на Ана Волш. Пребарувањето на Google ја вознемири јавноста, бидејќи содржи вознемирувачки фрази како да се отстрани телото, но и која алатка е најдобра за распарчување на телото.

За време на читањето на обвинението, Волш имаше сериозен израз на лицето.

Фото: Abc news

Обвинетиот главно барал начини да се ослободи од телото, но и дали може да биде обвинет доколку телото никогаш не се најде.

„Како да спречите телото да се распаѓа?“, „Што се случува кога деловите од телото ги ставате во амонијак?“, „Дали може да ве обвинат за убиство без тело?“, „Дали може да се утврди идентитетот на телото ако забите се уништени, згмечени?, се дел од пребарувањата на интернет.

Тој не застанал тука со пребарувањата.

„Пила – најдобрата алатка за распарчување?“,„ За колку време ќе се распадне телото во пластична кеса?“, „Дали сода бикарбона може да предизвика пријатна миризба на телото“, „Како да спречите тело да се распаѓа?“, „Како ги отстранувате деловите од телото?„Колку долго трае ДНК?,„Како се чисти крвта од дрвениот под?,се дел од пребарувањата на интернет.

Друг вознемирувачки детал е дека сето ова го барал од телефонот на својот син.

Во судницата беа присутни бројни медиумски екипи.

Брајан Волш вчера попладне беше обвинет за убиство на Ана Волш откако полицијата пронашла низа докази. Она што засега е познато е дека полицијата пронашла траги од крв во подрумот на куќата на Волш, утврдено е дека лажел каде се движел во деновите по исчезнувањето и дека токму тогаш купил средства за чистење во вредност од 450 долари.

САД: Сопругот на Србинката Ана Волш е официјално обвинет за нејзиното убиство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот