Ботас пред Хамилтон во квалификациите, замената Хулкенберг заврши како трет во квалификациите

epa08580634 Finnish Formula One driver Valtteri Bottas of Mercedes-AMG Petronas arrives at parc ferme after the 2020 Formula One Grand Prix of Great Britain at the Silverstone Circuit, in Northamptonshire, Britain, 2 August 2020. EPA-EFE/Will Oliver / Pool

Возачите на Мерцедес повторно беа најбрзи во квалификациите за утрешната трка за Големата награда 70-годишницата од Формула 1 која повторно ќе се вози на Силверстоун.

Валтери Ботас приреди изнеандување и во квалификациите беше побрз од клупскиот колега Луис Хамилтон со што ја освои 14. пол позиција во кариерата. Неговиот најбрзо круг на патеката Силверстоун изнесуваше 1:25.154 минути, што беше за само 0.063 секунди побрзо од Хамилтон.

Додека пласманот на возачите на Мерцедес беше очекуван, вистинско изненадување приреди Нико Хулкенберг кој викендов вози на местото на Серхио Перез кој пак е позитивен на коронавирус, и го имаше третото најбрзо време во квалификациите.

Четвртото најбрзо време го оствари Макс Ферстапен од Ред Бул кој доцнеше повеќе од една секунда зад најдоброто време на Ботас.
Возачите на Ферари повторно разочаа, Шарл Леклер ќе стартува од деветтата позиција, додека Себастијан Фетел утрешната трка ќе ја започне од 12. место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот