Босна на нозе: Судот го слушна крикот за помош на Низама дури откако монструмот Сулејмановиќ брутално ја уби

Убиената Низама / Фото Социјални мрежи

Судот во Босна и Херцеговина му дозволил на Нермин Сулејмановиќ да ѝ се приближува на сопругата која што вчера во живо на Инстаграм ја уби, а потоа самиот си го одзема животот, објавуваат босанските медиуми. Полицијата имала предлог до судот да му забрани приближување на Сулејмановиќ до сопругата Низама Хакимовиќ откако таа во бројни наврати го пријавувала за семејно насилство, ама судот не ја прифатил.

На крајот жената со бебето се сокрила во објект кај нејзината тетка, од каде Сулејмановиќ ја киднапираше, а потоа брутално ја претепа додека сето тоа го пренесуваше во живо на Инстаграм. И ликвидацијата на жената беше емитувана на Инстаграм, а убиецот пред да си го одземе животот исто така ѝ се обрати на јавноста за да порача дека „не зборува многу туку спроведува и со него никој не може да си игра“. Потресната снимка откри дека за време на убиството и ѕверскиот чин, во истата просторија присутно беше и бебето на сега покојната, кое Сулејмановиќ го остави живо. На почетокот на овој месец сопругата на Сулејмановиќ, сега покојната Низама Хекимовиќ, со модрици на телото и лицето побарала помош од полицијата во кантонот Тузла. Полицијата побара да му се забрани приближување до неа но судот го одбил барањето.

„Барањето на Министерството за внатрешни работи на Тузла за изрекување заштитна мерка забрана за вознемирување и следење на лице се одбива и постапката се запира“, пресудил судијата, а објави Истрага.ба повикувајќи се на увид во пресудата.

Бруталниот убиец додека ја тепаше Низама, ја прашуваше зошто го пријавила во полиција.

-Се плашев за себе и за детето, едвај изговори таа а потоа Сулејмановиќ го постави пиштолот на нејзиното чело и истрела. Полицијата најави дека ќе ги приведе сите што во живо го следеа преносот и оставаа коментари за поддршка на монструмот поради опасност од нивна скриена девијација. Убиството на жената предизвика протести во Сараево. Организаторите на протестот бараат итно да се објасни, кој од полицијата му кажал на Сулејмановиќ дека жена му го пријавила.

-Зошто немаше соодветна реакција по пријавата, особено што се работи за човек со криминално минато? Кој е одговорен за неуспехот да се заштити жртвата?, прашува организаторот на протестот, Фондацијата Кјур.

Новинарката на Босна Инфо, Мирза Даутбеговиќ објави дека Низама Хекимовиќ трпела насилство долго време, а кога собрала храброст да оди во полиција, наместо полицијата да ја штити како што тоа се прави во нормални држави, се случи спротивното. Сулејмановиќ е приведуван поради насилство, тепачки, а на социјалните мрежи објавувал фотографии на кои се гледа дека органите на прогонот го ставиле во лисици, што упатува на исклучително асоцијално однесување и гордеење со својот статус на недопирливост. Пред 15 години бил осуден за обид за убиство.

Според обвинителството на Тузла, жената не сакала да сведочи против Сулејмановиќ за семејното насилство од страв, па затоа пријавата била отфрлена.

Во неговото морбидно крвопролевање, Сулејмановиќ уби и маж и дете, рани една жена која е во животозагрозувачка состојба. Рани и полицаец и уште еден граѓанин. Откако беше опколен од полицијата, си го одзел животот. Неговото име се поврзува со криминал, дрога, учество во банда, насилно минато и трговија со наркотици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот