Бошковска Јанковски: Емил слободно нека тужи, ќе се видиме на суд

фото: Слободен печат

Луѓето се плашат од Емил Јакимовски. Тој утринава беше во Централен регистар и оттогаш ме бомбардираат со пораки и сите се на врата кај мене во канцеларија. Вака директорката на Централен Регистар во изјава за „Слободен печат“ ја коментира моменталната ситуација во институцијата по вчерашната одлука од работа да биде отпуштен Емил Јакимовски, раководител на еден од секторите во институцијата. Причината за отказот, дисциплинската комисија ја оправдува со несоодветна документација за боледување и со недолично однесување на Јакимовски и закани кон вработените и кон новинарки.

– Нема да го дозволам ваквото непримерно однесување на било кого од вработените, кон колеги, а особено не кон новинари и медиумски работници, особено жени. Емил слободно нека тужи, ќе се видиме на суд – ни изјави Марија Бошковска Јанковски, директорка на Централниот регистар.

И самата директорка подолго време била изложена на вербални напади по телефон и по Вибер, кои вклучувале навреди за нејзиниот физички изглед како и закани дека ќе оди во затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот