Борел објави дека Србија и Косово го надминале спорот за личните документи

Косово и Србија/ Фото Zoonar GmbH / Alamy / Alamy / Profimedia

Комесарот на ЕУ за надворешна политики и безбедност, Жозеп Борел, соопшти дека, со посредство на Европска Унија, постигнат е договор меѓу Србија и Косово околу спорните прашања за употреба на личните документи за премин преку нивната заедничка граница, објави Цивил Медиа.

„Имаме договор. Според Дијалогот со посредство на ЕУ, Србија се согласи да ги укине документите за влез/излез за имателите на косовски лични карти, а Косово се согласи да не ги воведува за имателите на српски лични карти“ – напиша Борел на својот Твитер профил.

Србија е согласна да не им издава влезни и излезни документи за жителите на Косово, а за возврат Косово нема да воведе документи од тој вид за жителите на Србија.

„Косовските Срби, како и сите други граѓани, ќе можат слободно да патуваат меѓу Косово и Србија користејќи ги нивните лични карти. ЕУ штотуку доби гаранции од премиерот Курти за таа цел. Ова е европско решение. Им честитаме на двајцата лидери за оваа одлука и на нивното лидерство“ – напиша Борел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот