„Бонасера мистер президент“: Давид Сасоли е новата жртва на руските пранкери Вован и Лексус (АУДИО)

Фото: EPA-EFE/ARIS OIKONOMOU / POOL

Претседателот на Европскиот Парламент (ЕП), Давид Сасоли е најновата жртва на руските пранкери Лексус и Вован кои го измамија и македонскиот премиер Зоран Заев. Во нивната најнова шега биле во улоги на лидерката на опозицијата во Белорусија, Светлана Тихановскаја и претседателот на Литванија, Гиган Нусед. Снимката во времетрање од 23:50 минути е поставена на Јутјуб каналот „енвер јусуф“

– Загрижени сме за ситуацијата во Белорусија и будно ја следиме ситуацијата. Како сте вие?, прашува Сасоли кој во разговорот со зборува на италијански јазик и користи преведувачка.

Лажната Тихановскаја му вели на Сасоли дека е добро и изразува благодарност што нашол време за разговор со оглед на пренатрупаната работна агенда што ја има. Набрзо потоа во остварениот контакт се вклучува и лажниот претседател на Литванија кој го најави Тихановскаја дека е со неа.

– Бонасера, му вели лажниот Нусед на Сасоли.

Сасоли го прашува како е, па се заблагодарува за „се што го прави“, алудирајќи на поддршката што ја дава на белоруската опозициска активистка која ја поканува во посета на Европскиот парламент.

– Ќе бидеме навистина среќни ако госпоѓата Тихановскаја го посети Парламентот. Тоа мислам дека ќе биде значајно за европско јавното мислење“, порачува Сасоли.

Претседателот на ЕП изразува загриженост за настаните во Белорусија за кои вели дека се следат со будно внимание на што лажната Тихановскаја прашува дали Европската Унија (ЕУ) ќе воведе некакви санкции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот