Бомбашки напад во Кабул, загинаа четворица авганистански војници – Слободен печат
ВестиПланета

Бомбашки напад во Кабул, загинаа четворица авганистански војници

Портпаролот на талибанците Забихулах Муџахид презеде одговорност за бомбашкиот напад.

Најмалку четири војници загинаа при напад на бомбаш-самоубиец врз база на авганистанските специјални сили на периферија на Кабул, соопшти авганистанското Министерство за одбрана.

Во нападот повредени се тројца војници.

Портпаролот на талибанците Забихулах Муџахид презеде одговорност за бомбашкиот напад.

Денешниот инцидент е најнов напад откако американскиот претседател Доналд Трамп ги прекина американско-талибанските преговори.

Два талибански автомобили-бомби експлодираа во Кабул минатата недела, при што загинаа неколкумина цивили, двајца членови на НАТО и еден американски војник.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close