Бомба под автомобилот на проруски функционер во Херсон, го преживеал нападот

ФОТО: МИА

Функционер на проруските власти во делумно окупираниот регион Херсон, вечерва е повреден во експлозија на автомобил, објавија руските државни медиуми.

Виталиј Буљук, заменик-гувернер на областа Херсон, која Русија ја анектира, бил вклучен во „инцидент“ со автомобил, објави новинската агенција ТАСС и официјалниот канал на Телеграм на проруската администрација на Херсон.

Според „Си-ен-ен“, информациите за повредите на Буљук се контрадикторни. Како што јави ТАСС, повикувајќи се на шефот на регионалното Министерство за здравство, Вадим Илмиев, Буљук е повреден во „експлозија на автомобил“.

„Тој е ранет, но неговата состојба е стабилна. Повредите се умерени. Се наоѓа во една од болниците во регионот“, рече Илмиев.

Но, официјалниот канал на Телеграм на проруската администрација на Херсон известува дека Буљук „не е повреден“ и дека „неговиот живот моментално не е во опасност“. Истиот канал претходно објави уште неколку детали за инцидентот, наведувајќи дека се случил во градот Скадовск и дека „еден цивил е убиен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот