Бомба најдена кај Мавровското Езеро – Слободен печат
Некатегоризирано

Бомба најдена кај Мавровското Езеро

Бомба била безбедно отстранета од локацијата.

Триесет и шестгодишниот С.Ш. од Гостивар вчера во полиција пријавил дека покрај брегот на Мавровското Езеро, помеѓу селата Леуново и Никифорово, кај место викано „Црн камен“, пронашол експлозивна направа.

Полициски службеници од СВР Тетово по извршениот увид констатирале дека станува збор за рачна бомба. Рачната бомба била безбедно отстранета од локацијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close