Бомба најдена кај Мавровското Езеро

Триесет и шестгодишниот С.Ш. од Гостивар вчера во полиција пријавил дека покрај брегот на Мавровското Езеро, помеѓу селата Леуново и Никифорово, кај место викано „Црн камен“, пронашол експлозивна направа. Полициски службеници од СВР Тетово по извршениот увид констатирале дека станува збор за рачна бомба. Рачната бомба била безбедно отстранета од локацијата.