Бомба експлодирала во двор од куќа во ресенско

Царев Двор / фото: Zlatko Zlatko/Google Maps

Жител на преспанското село Царев Двор пријавил дека некој фрлил бомба во дворот од неговата куќа, соопшти МВР.

„На 06.03.2022 во 23.20 часот во Полициската станица Ресен, Е.Ш. од с.Царев Двор, ресенско, пријавил дека во неговиот двор била фрлена експлозивна направа, при што биле оштетени прозорците и вратата од куќата“, се вели во полициското соопштение.

Повредени лица нема, а увид бил извршен од екипа на СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот