Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро / Фото: Архива

Болсонаро ги исцрпи сите правни лекови, мора да ја одлежи 27-годишната затворска казна

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро ги исцрпи сите правни лекови што му се достапни за да ја поништи неговата 27-годишна затворска казна за обид за државен удар, според документ објавен од Врховниот суд, и затоа ќе мора да ја отслужи казната, пренесува Би-би-си.

Судот му наложи на Жаир Болсонаро да започне со отслужување на неговата 27-годишна затворска казна за заговор за државен удар во 2022 година, според судски документ.

Болсонаро (70) беше во домашен притвор од почетокот на август, но во саботата со судска наредба беше вратен во притвор поради „висок ризик од бегство“ откако се обиде да ја запали својата електронска алка.

Во септември, Врховниот суд го прогласи за виновен како водач на „криминална организација“ која скроила заговор за да го обезбеди неговото „авторитарно останување на власт“ по победата на неговиот левичарски противник Луиз Инасио Лула да Силва на претседателските избори во октомври 2022 година.

Неговата жалба беше формално отфрлена кон средината на ноември.

Со објавувањето од страна на Врховниот суд на документот со кој се потврдува дека не е можна понатамошна жалба, налогот за извршување би можел веднаш да го издаде судијата задолжен за случајот, Александар де Мораеш.

Сè уште е неизвесно каде поранешниот претседател (2019-2022) ќе ја отслужи казната.

Болсонаро е во привремен притвор од саботата во објектот на федералната полиција во Бразилија.

Според судијата Мораес, Болсонаро се обидел да ја запали својата електронска алка кратко по полноќ во саботата со надеж дека ќе избега за време на планираните демонстрации на поддржувачите во близина на неговиот дом во главниот град.

Одбраната на поранешниот шеф на државата наведе „состојба на ментална конфузија“ предизвикана од лекови.

Болсонаро доби 27 години затвор, одбраната на поранешниот бразилски претседател ќе се жали

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот