Болните од коронавирус кои имаат проблеми со непцата почесто завршуваат на респиратор

Според истражувањето објавено во „Журнал за клиничка пародонтологија“, пациентите со ковид-19 имаат најмалку три пати поголема веројатност да развијат компликации доколку заболениот има проблеми со непцата, пренесува порталот Н1.

Студијата е спроведена на повеќе од 500 пациенти заболени од ковид-19, а откриено е дека оние кои имаат проблеми со непцата имаат најмалку три пати поголема веројатност да бидат примени на одделот за интензивна нега.

Овие пациенти имаат четири пати поголема веројатност да имаат потреба од респиратор, а веројатноста за смрт е девет пати поголема од оние кои немаат проблеми со непцата.

– Оралната нега треба да биде дел од здравствените препораки за да се намали ризикот од тешки исходи од ковид-19 – рекол професорот Лиор Шапира, претседател на Европската федерација за пародонтологија (ЕФП).

Парадентозата (парадонтитис) е сериозна форма на заболување на непцата којашто погодува околу половина од возрасните лица ширум светот. Ова заболување предизвикува воспаление на непцата, а ако не се лекува, може да се прошири низ целото тело. Ова истражување покажало поврзаност помеѓу парадонтитисот и компликациите предизвикани од ковид-19, пишува „Медикал експрес“.

Студијата вклучила 568 пациенти со дијагностициран ковид-19 помеѓу февруари и јули 2020 година.

Од 568 пациенти, 40 од нив имале компликации, а 528 немале. Биле собрани информации за болести на непцата и други фактори кои би можеле да бидат поврзани со компликациите кои ги предизвикува ковид-19, вклучувајќи ги индексот на телесната маса, астмата, пушењето, дијабетесот и крвниот притисок. Податоците покажаа дека 258 пациенти, односно 45 отсто имале проблеми со непцата.

Професор Маријано Санц од шпанскиот универзитет и еден од авторите на студијата утврдил дека оралните бактерии кај пациентите со пародентоза можат да ги заразат белите дробови, што може да биде особено опасно кај оние пациенти кои се на респиратор.

Санц советува дека персоналот во болницата треба да ги идентификува пациентите со ковид-19 кои имаат пародонтитис и дека треба да им се даваат орални антисептици за да се намали пренесувањето на бактериите.

Професор Шапира рекол дека врската помеѓу пародонтитисот и белодробните заболувања, вклучувајќи астма, воспаление на белите дробови (пневмонија) и хронично опструктивно белодробно заболување (ХОББ), е добро утврдена и додал:

„Оваа студија обезбедува дополнителни докази за поврзаноста помеѓу оралното здравје и респираторните состојби. Пародонтитисот е честа болест, но може да се спречи и да се лекува.“

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот