Болниот Мијалков го одложи „Трезор“

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков денеска не дојде на судското рочиште за предметот „Трезор“ во кој тој е обвинет. Причина за отсуството е нарушена здравствената состојба, односно, како што рече неговиот адвокат Љупчо Шврговски, проблеми со желудникот.

Сашо Мијалков, Горан Грујевски поранешниот началник на петтата управа, Тони Јакимовски ексшефот во кабинетот на Мијалков и Небојша Сајковиќ поранешен помошник министер во МВР се обвинети дека набавилеа опрема за прислушување во Лондон во 2010 година. Набавката на опремата не одела преку МВР, туку преку компанијата „Финзи“, договор, кој според обвинителниот акт од СЈО бил фактуриран по двојно поскапа цена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот