БОЛЕСТА СЕ ПРОМЕНИЛА: Познатата пејачка откри ЗОШТО НЕ можела да се ОСТВАРИ КАКО МАЈКА!

profimedia

Познатата австралиска пејачка Кајли Миног конечно отворено проговори за својата борба со ракот на дојка, признавајќи дека токму таа болест ја спречила да има деца.

Слатката Миног се присети на 2005 година кога и беше дијагноситициран канцер, и објасни како тоа влијаело на основањето на семејство во нејзиниот случај.

„Имав 36 години кога ја добив дијагнозата. Реално, тогаш веќе бев во втората половина од животот“, изјави Кајли па додаде:

View this post on Instagram

??

A post shared by Kylie Minogue (@kylieminogue) on

„Во тој период децата воопшто не беа на мојот дневен ред, но болеста се промени“.

Пејачката коментираше и за можноста сега да стане мајка:

„Очигледно е дека не сакам премногу да мислам за тоа, но да, се прашувам како би било. Сите велат дека постојат многу опции, но не знам“.

Таа истакна и дека жали за некои работи во животот, но се труди да има позитивен став кон животот.

„Сега имам 50 години и многу сум поопуштена во животот. Не можам да кажам дека не се каам за некои работи, но можам да кажам дека би ми било тешко да продолжам понатаму доколку нешто класифицирам како каење, така што сега морам филозофски да бидам настроена колку што можам повеќе. Морате да прифатите каде сте и да продолжите понатаму од таа точка“, објасни музичката дива.

View this post on Instagram

????

A post shared by Kylie Minogue (@kylieminogue) on

Таа изјави и дека најмногу жали за тоа што се лажела сама себе кога станува збор за љубовните односи. Ова е целосно разбирливо, со оглед на тоа дека јавноста е добро упатена во нејзините врски кои завршија многу бурно и главно таа беше онаа која е измамена и оставена.

Но, Кајли истакна дека никогаш не престанала да верува во љубовта, а наградата за тоа стигнала во вид на нејзината романса со 45 годишниот Пол Соломонс, креативниот директор на британското издание на магазинот “GQ”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот