Бојмацалиев: МВР вложи три милиони евра во специјални возила за надзор на границите

Фото: МВР

„МВР обезбеди 10 специјални возила за надзор на граничните премини, со термални камери со домет од 10км во вкупна инвестиција од 3 милиони евра”, рече дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев при денешната посета на Граничниот премин Табановце.

„Во периодот јануари – февруари 2024 година протокот на патници на ГП Табановце изнесува 696.518 патници. Во наведениот период на ГП Табановце извршена е селективна контрола на вкупно 28.278 патници. Во овој период имаме 6 кривични дела и 59 прекршоци. Oткриени се вкупно осум фалсификувани документи. Во однос на истиот период лани се бележи тренд на зголемување на бројот на откриени документи за 14,9%. Исто така откриен е 1 случај на сомнение за фалсификувано возило. Во делот на илегална миграција во однос на истиот период лани се бележи тренд на зголемување на бројот на откриени илегални мигранти за 60%”, информираше Бојмацалиев во изјава за медиумите по брифингот.

Бојмацалиев беше информиран за успешноста на дигиталната алатка против корупцијата – боди камерите со кои изминативе денови беше снимен случај на поткуп од грузиски државјанин кон македонски полициски службеник на ГП Табановце.

Бојмацалиев ги потенцираше и ФРОНТЕКС извештаите.

„Воедно, извештаите на европската агенција за гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС, како и другите релевантни организации, во своите извештаи за Северна Македонија бележат само високи резултати потврдувајќи го кредибилитетот на МВР на регионално и меѓународно ниво во борбата против илегалната миграција“, подвлече Бојмацалиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот