Бобан Илиоски и повреден донесе бронза за Македонија, но ја заврши кариерата
Еден од најдобите кик-боксери и воопшто спортисти во Македонија, Бобан Илиоски објави крај на кариерата и тоа по победа за Македоннија на Светското првенство.
Препорачано
Илиоски денеска се повреди во рингот, но и покрај тоа победи против противникот од Хрватска и обезбеди бронзен медал за Македонија, сепак таа борба е и негова последна во кариерата.
Повлекувањето од кариерата како борец, Илиоски го потврди пеку социјалните мрежи, а во иднина ќе се посвети на работата како тренер во неговиот клуб.
„Денеска ја имав мојата прва борба на Светското првенство. Уште во првата рунда повторно ми се скина препоната истата повреда која првпат ја доживеав пред 6 месеци. И покрај тоа успеав да извојувам победа против Хрватска. Благодарен сум на Господ за сѐ, нека биде по Божјата волја.
Со ова за мене завршува Светското првенство, а и мојата кариера како борец. Тешко е да се прифати, но нема бегaње од реалноста. Одлуката ја носам во мир, време е да се посветам на тренерската работа и да вложам сѐ во мојот клуб, за да создадам нови шампиони. Ова не е крај ова е нов почеток“, објави Илиоски.

Преземено од: Спорт.ком.мк
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
4час
-
4час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


